Специфични дескриптори на класификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето на оваа студиска програма:
Знаења и разбирање:
Покажува знаење и разбирање за детекција на безбедносно негативни појави карактеристични за државната, мешовитата и приватната сопственост и економско – финансиските односи помеѓу правните субјекти. Знаења кои се надградуваат врз претходното образование и обука, вклучувајќи и познавање на доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи за организација и спроведување на финансиска контрола и анализа на финансиското работење и препознавање на специфични облици и форми на извршени кривични дела, поврзаност на повеќе криминални поведенија кои резултирале со противправно стекнување на имот и криминални приноси, водење на постапки за утврдување на криминалните приноси и имот и овозможување на судските органи да изрекуваат мерки за конфискација на криминално стекнатите приноси и имот. Препознавање на криминалните облици и форми и градење на стратегија и методика за истражување на кривичните дела со исти или слични криминалистички карактеристики и примена на соодветна методологија.
Примена на знаењето и разбирањето:
Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата. Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми од сферата на криминалитетот во делот на економските и финансиски текови. Криминалистичко разузнавање и анализа на безбедносни проблеми и препознавање на елементи на кривични дела и издвојување на својства и улога на сторителите во криминалните ситуации.
Градење на стратегии и примена на законски начини, средства и методи за откривање, расветлување, докажување и превенција на криминалитет со посебен осврт на криминалитетот во сферата на економско – финансиското работење и новите организирано форми и облици на криминалитет со кои се загрозува безбедноста и финансискиот систем на национално ниво и способност за соработка при истражување на транснационални криминални случаи.
Примена на законските прописи и почитување на човековите права при водење на истрагите за расветлување и докажување на криминалните случаи.
Спроведување на финансиска контрола на работењето на правните лица и преку анализа на финансиското работење детектирање на елементи на непочитување на законските прописи и изрекување на соодветни законски мерки.
Знаења за препознавање на елементи на кривични дела и планирање, координирање и спроведување на оперативни акции за расветлување и докажување на кривичните дела и идентификација на нивните сторители.
Способност за проценка:
Анализа на финансиска и сметководствена документација и детекција на проблем, формулација на проблем и изрекување на законска мерка.
Детекција на сериозен случај на непочитување на законските прописи и стандарди во деловното и финансиското работење и известување на органите на прогон.
Криминалистичка проценка за постоење на елементи на кривични дела, утврдување на својства на сторителите, поврзностна сторителите во вршење на кривични дела и идентификација на криминалните приноси.
Проценка на видот и висината на криминалните приноси и имот и утврдување на облиците и формите на генерирање на првостепените криминални приноси и имот.
Планирање и водење на сложени криминални оперативни акции со цел откривање на кривичните дела и поврзаноста на сторителите во една криминална операција која има елементи на организираност и злосторничко здружување.
Утврдување на елементи на второстепен криминал или перење на криминално стекнатите приноси и имот.
Утврдување на елементи на транснационалност и согласно законските прописи и договорите за меѓународна соработка планирање и спроведување на меѓународни оперативни акции за откривање, расветлување и докажување на криминалитетот.
Проценка на потребата од соработка, координација и размена на информации помеѓу директно и индиректно надлежните државни органи и институции.
Водење на финансиска истрага за проценка на криминалните приноси, нивно замрзнување и конфискација, проценка за непосредно стекнат криминален принос и имот и проценка за пренесена сопственост со цел иницирање на непосредна или проширена конфискација.
Комуникациски вештини:
Способност и знаења за колективна и тимска работа.
Почитување на законската и професионалната тајна при водење на истраги за истражување на криминалитет.
Способни за комуникација при водење на финансиска контрола и спроведување на увид во деловна документација во присуство на службено или одговорно лице. Почитување на професионален однос и култура на комуникација.
Почитување на законските обврски и способности за тимско постапување, извршување на доделени работи и работни задачи и способност за размена на информации.
Лидерски способности, планирање, координација и водење на случај.
Вештини на учење:
Следење на законски измени и нивна имплементација.
Почитување на меѓународните препораки и меѓународните правни акти.
Учество на семинари и иницирање на изнаоѓање на решенија за актуелни практични проблеми.
Иницијативи за законски измени.
Учество и водење на проекти.