Хотелско ресторански менаџмент

Времетраење на студиската програма: 4 години

ЕКТС кредити: 240

Титула: Дипломиран хотелско ресторански менаџер

 

Цели на студиската програма

Студиската програма на хотелско – ресторански менаџмент во прв циклус претставува можност за унапредување на хотелската и ресторанската дејност во Република Македонија низ користење на профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите хотелско – ресторански процеси. Студиската програма е во функција на користење на современи методи во работните активности оспособеност за осознавање на новите научни резултати и нивна имплементација како апликативни решенија.

Конкурентноста на хотелско – ресторанскиот пазар бара да се знаат основите на хотелско – ресторанската проблематика, карактеристиките на просторните категории во хотелиерството и ресторатерството, социјалните и социолошките вредности на хотелско – ресторанската дејност, карактеристиките на учесниците во овие процеси, економската условеност и економските резултати, правната регулираност и контролата на сложените активности. Тоа всушност значи дека преку едукативниот процес ќе се овозможи правилно управување со ресурсите како во рамките на просторните целини и административните рамки, така со стопанските субјекти кои делуваат во областа на хотелиерството и ресторатерството.

Профилираниот кадар ќе се стекне со знаења кои ќе овозможат правилен пристап во планирањето и реализирањето на работните процеси во оваа област.

Промените  во  насока  на  развој  на  образовниот  систем  во  Република  Македонија  во  функција  на  подобрување  на  квалитетот  на  наставно ‐ образовниот  и  научниот  процес  ја  наметнува  потребата  Факултетот  за  туризам  и  угостителство –  Охрид  да  ги  следи  овие  тенденции  и  процеси  со  цел  профилирање  квалитетно  обучени  кадри и со тоа да изврши трансформација на студиската програма од тригодишни во четиригодишни студии.  Тоа  подразбира  усогласување  на  добиените  резултати  од  самоевалуацијата  со  барањата  кои  се  содржани  во  стандардите  за  изведување  на  наставниот  процес  и  научно ‐ истражувачката  работа.  Во  таа  смисла  трансформацијата од тригодишни во четиригодишни студи е неопходна за да  се  допрецизира  стручниот  профил  и  да  се  постигне  можност  за  создавање  кадри  кои  ќе  можат  да  се  справат  со  современите  барања  во  туристичката  професија.

Со  предложената  студиска  програма  по  Хотелско – ресторански менаџмент акцентот  при едукацијата на студентите се става на стручните дисциплини, кои ќе овозможат препознатливост на струката, поголема  практична  активност  на  студентите  и  полесно  вклучување  во  професионалните  активности по завршувањето на образовните процеси.   Со  студиската  програма  по  Хотелско – ресторански менаџмент    ќе  се  овозможи  студентите  своите  знаења  да  ги  надополнуваат  во  други  универзитетски  средини  во  земјата и странство, овозможено преку примената на европскиот кредит трансфер систем за мобилност на студенти преку изборност на 14 предмети.

Затоа, при подготовката на оваа студиска програма се користеа знаења и искуства од поввеќе европски студиски програми.

Структурата  на  студиската  програма  по  Хотелско – ресторански менаџмент им овозможува на студентите индивидуално креирање и оформување на нивното академско образование.

 

Резултати од учењето (специфични дескриптори на квалификации)

Знаење и разбирање

  • Стекнување на современи знаења од областа на хотелско – ресторанското работење според високо- образовни меѓународно признати стандарди
  • Стекнување општообразовни знаења од областите на просторните, општествено – економските, културните и уметничките вредности.
  • Стекнување на знаења од областа на хотелско – ресторанската регулатива во сите домени во кои туризмот и угостителството се имплицирани
  • Стекнување на знаења од мултидисциплинарен карактер во примената на знаењата од областа на хотелско – ресторанското работење
  • Оспособување за управување со процесите во хотелите и рестораните во сите сфери на неговата дејност
  • Оспособување за настап на хотелско – ресторанскиот пазар со креирана соодветност на елементите кои се неопходни
  • Подготвеност за пазарот на трудот во земјата и странство

Примeна на знаењето и разбирањето

  • Кадрите ќе може да одговорат оптимално на потребите на општеството за високо квалификувани кадри способни за решавање на проблемите на сите системски нивоа во земјата и странство
  • Со едукација на оваа студиска програма ќе се разрешат потребите од меѓународна соработка во институционални рамки и пошироко
  • Подготвеност за пазарот на трудот во земјата и странство
  • Способност за приготвување на разновидни оброци, национална и интернационална храна
  • Аналитичко и критичко размислување
  • Претприемчивост и преземање на ризик
  • Систематичност во одвивањето на активностите
  • Способност за планирање
  • Управување и раководење со деловни субјекти од областа на хотелско – ресторанското работење
  • Менаџирање на современи угостителски објекти и создавање на препознатлив имиџ на гастрономска понуда

Способност за проценка

  • Знаењата од студиската програма по хотелско – ресторански менаџмент им овозможува на студентите стекнување способност за прибирање, анализа и оценка на информациите, како појдовна основа за поставување нови концепти и промовирање идеи. Тоа треба да овозможи решенија за посебни проблеми во полето на дејствување
  • Студентите се стекнуваат со способност да ги оценат теоретските и практичните прашања од основните постулати на туризмот, хотелското работење, социо -психолошките и културните категории, економските аспекти на хотелското работење и просторните проблеми
  • Тоа води кон успешно објаснување на причините и предлагање соодветно решение за реализирање на работните процеси

Комуникациски вештини

  • Способност за соодветна комуникација со колегите и корисниците на угостителските услуги
  • Способност за тимско работење и активна соработка во рамките на групата, што подразбира свесно превземање на одговорностите
  • Споделува и применува специфични идеи со соодветен професионален пристап и истите ги преточува во реални проекти.

Вештини на учење

  • Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на самостојност во одлучувањето
  • Редовно ги следи најновите промени кои што се случуваат во оваа област

 

Елаборат 2016