Вториот циклус студии е можност за дипломираните студенти на ФТУ, но и на другите сродни факултети да го продолжат своето студирање во потребата за стекнување на повисоки знаења, вештини и други професионални вредности сообразени со предизвиците на услужниот сектори, барани на домашниот и меѓународен пазар на труд.
Активните студиски програми на втор циклус студии на ФТУ – Охрид функционираат по моделот 4+1 и нудат дополнителни 60 од вкупно 300 ЕКТС колку што се потребни за студентите да се стекнат со звање магистер по соодветната област.
На ова образовно ниво, студентите ги зацврснуваат знаењата стекнати на првиот циклус на студии; се стекнуваат со продлапочени, понасочени и поспеци-јализирани знаења и вештини за проучуваната област; се стекнуваат со потребните знаења за користење на научните методи и истражувачките техники за да се оспособат за креативно да ги определуваат и решаваат не само теоретските, туку и конкретните проблеми и состојби во услужниот сектор, се оспособуваат за научно истражувачка работа во својата област. Програм-ските содржини се реализираат преку предава-ња, вежби, менторства, а значајно внимание се посветува на вклучувањето на студентите во реализирањето на проектни задачи во кои доаѓа до израз нивната самостојност, креативност, иницијативност, истражувачки дух и други индивидуални вредности и квалитети.
Не само како квантитет, туку уште повеќе како квалитет, вториот циклус на студии репродуцира кадри кои наоѓаат свое место високообразовните и научните институции, но пред се во организациите на услужниот сектор и другите бизниси.
Студиски програми
Активни:
За претходно запишани студенит (не се врши повеќе упис на следните):
- Менаџмент на одржлив развој во туризмот – 2 години
- Гастрономија, исхрана и диететика – 2 години
- Осигурување – 2 години
- Туризам – 2 години
Магистерските трудови на кандидатите на ФТУ се објавуваат тука.
Упатство за пријава и изработка на магистерски труд на втор циклус на студии тука.