Мултикултурна работилница во соработка со „Инклузија“-Охрид

Мултикултурна работилница во соработка со „Инклузија“-Охрид

Почитувани колеги студенти,
На *24.02.2021* година (*Среда*) со почеток во *12:00* часот, во просториите на Општина Охрид ќе се одржи мултикултурна работилница со наслов *„Низ една призма-сите сме исти“* во соработка со невладината организација „Инклузија“ од Охрид.
Идејата на проектот е засонована, согласно концептот едно општество за сите. Најголем бенефит ќе имаат ученици и млади од повеќе средни училишта во Охрид но и студенти, кои по пат на имплементација на задачите зададени со проектните активности ќе утврдат дека нивната и иднината на градот почива врз принципите на мултикултурализмот, интеркултурализмот и добрата верска комуникација и интеркултурен дијалог. На работилниците ќе бидат опфатени 8 теми: толеранција, дискриминација, предрасуди, стереотипи, насилство, говор на омраза, ефективна комуникација, градење доверба и соработка.
Настанот ќе биде организиран со физичко присуство со максимално почитување на препораките за заштита од Ковид-19.
Сите заинтересирани студенти да се пријават на следнава е-маил адреса најдоцна до *ВТОРНИК ДО 14:00 ЧАСОТ.*
*Е-маил за пријавување**:* igor.peshevski@uklo.edu.mk
Со Почит,
Игор Пешевски Претседател на ФСС