Патот кон успехот

Патот кон успехот

Почитувани студенти,
Чест и задоволство ни претстаавува да ве поканиме на првиот мотивационен настан ,,Патот кон успехот” кој ќе се одржи на 30ти март во 12h, Општина Охрид- голема сала.
Мотивациони говорници на настанот ќе бидат познатите Дамир Бошњак и Бранко Попоски.
Огромна благодарност до сите кои придонесоа за успешна реализација на настанот, особено до градоначалникот д-р Констатин Георгиески, деканот проф. д-р Цветко Андреески, проф. д-р Ангела Паскуале, доц. д-р Климент Наумов и тимот на „2С“ студио, кое ќе го пренесува овој настан во живо на официјалната ФБ страна на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.
Координатор на настанот е Емилија Баткоска, студент во прва година на насоката гастрономија.
*СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА НАСТАНОТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДО ПОНЕДЕЛНИК (29.3.2021, 15:00h) НА СЛЕДНАТА Е-МАИЛ АДРЕСА: igor.peshevski@uklo.edu.mk , ЗАРАДИ ТОА ШТО БРОЈОТ НА ГОСТИ Е ОГРАНИЧЕН.
**Настанот ќе се одржи со максимално почитување на сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19.
Со почит,
Тимот на Факултетското Студентско Собрание
Претседател Игор Пешевски