06 Ное Покана за настан против стереотипите и предрасудите кои како гласини се шират за жените со попреченост
Почитувани,
Како дел од активностите на кампањата „Гласно против гласини“ на 07.11.2019 г., со почеток во 11 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид ќе се оддржи настан против стереотипите и предрасудите кои како гласини се шират за жените со попреченост.
По тој повод ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на настанот, со што ќе дадете свој придонес во кампањата, со цел подигнување на свесноста за последиците од ширење гласини кои поттикнуваат родови стереотипи и предрасуди.
Бидете дел од овој настан и приклучете се гласно против гласините за жените со попреченост.
Ве очекуваме!
OSCE AR Campaign_Grass-root_Anti Rumor Coffee_Women With Disabilities_Ohrid_4.11.2019