Посета на претставници од Универзитетот Константин Филозоф од Нитра – Словачка

Посета на претставници од Универзитетот Константин Филозоф од Нитра – Словачка

На 11.10.2019 во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа Проректорот на Универзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра, Проф. д-р Мартина Павликова, Деканот на Факултетот за Социјални науки Проф. д-р Растислав Росински, деканот на Факултетот за европски студии Проф. д-р Жофиа Барезиова и Амбассадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. На состанокот присуствуваа Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Проф. д-р Цветко Андреески. Присутните се договорија да се склучи билатерален договор за соработка меѓу универзитетите како и Еразмус договор за мобилност.