ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКА

Се известуваат студентите од прв и втор циклус дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола организира седумдневна стручна онлајн обука на тема „*Развивање на тврди и меки вештини кај младите луѓе*“, во текот на месеците октомври и ноември 2021 година. Предавачи на обуката ќе бидат професори од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и француски експерт за кого е обезбеден превод на македонски јазик. Во рамките на оваа обука предвиден е триесетчасовен бесплатен онлајн курс по француски јазик кој ќе биде организиран од *15.09-30.09.2021*.
Меките и тврдите вештини се оние кои се клучни за влез и успех на работа. Темите на курсот се следните:
– Изработка на квалитетна презентација и начин на презентирање
– Менаџирање на времето и техники за менаџирање на времето
– Донесување на одлуки по СМАРТ методологија
– Техники за успех при учество на интервју за работа
– Креативност и критичко мислење
Проектот е финансиран од Франкофонската универзитетска Агенција (AUF). Сите заинтересирани кандидати треба да достават професионална биографија на следната електронска адреса: milena.kasaposka@uklo.edu.mk