Превенција за заштита и постапување со храна во состојба на коронавирус

Превенција за заштита и постапување со храна во состојба на коронавирус

Со информативни постери/плакати со хигиено-технички упатства и  упатства за постапување со куќни миленици, УКЛО и Општина Битола презедоа дополнителни активности за превенција од ширење на епидемијата и за заштита на јавното здравје. Заедничката иницијатива на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, резултираше со изработка  на постери што содржат неопходни информации за хигиенски практики поврзани со храната и домашните миленици. Активноста е координирана од кризниот тим на УКЛО, притоа Факултетот за биотехнички науки и Ветеринарниот факултет  подготвија соодветни стручни текстови за превенција и заштита од Ковид 19, а стручната служба на УКЛО се погрижи за графичкиот дизајн. Локалната самоуправа истите ќе ги печати и дистрибуира на повеќе локации во општината.

Со изработката на плакатите за зашитита од пандемијата, УКЛО и Општина Битола ја потврдија својата взаемна соработка и во овој сегмент на заштита на јавното здравје како заедничка одговорност.