Презентација на ЕРАЗМУС+ проектот „Подобрување на училниците во иднина – вештини за учење 2030 –УЧЕЊЕ2030“

Презентација на ЕРАЗМУС+ проектот „Подобрување на училниците во иднина – вештини за учење 2030 –УЧЕЊЕ2030“

Во рамките на дисеминациските активности на ЕРАЗМУС+ проектот Подобрување на училниците во иднина – вештини за учење 2030 –УЧЕЊЕ2030“ се одржаа две презентации, едната на  20 февруари 2020 година во Битола во Кредо центарот на УКЛО и другата на 25 февруари во просториите на ФТУ-Охрид.

Со реализацијата на овие презентации, наставниот кадар на УКЛО имаше можност да се запознае со дизајнот и структурата  на курсот со 8-те модули за развивање на наставните вештини за учење на професорите чија цел е да обезбедат  специфични вештини за идното учење преку  on-line веб обука, видео презентации, објаснување на текстот, квизови и интерактивни вежби  за совладување на наставниот материјал со следниве содржини :

  • Професионална улога на учењето 2030
  • Комуникација на часови во кампусот
  • Дизајнирање на предавање во кампусот
  • Креирање и користење на е-алатки за учење
  • Работење со социјални мрежи
  • Web вештини на пишување
  • Дизајнирање на предавање преку виртуелна училница
  • Структурирање на комбиниран процес на учење
  • Креирање на „c-book“

Целта на овој проект е да се подготви наставниот кадар во високото образование за нивната улога до 2030 согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите. Исто така со овој преокт се овозможува збогатување на знаењата на наставниот кадар во високообразовните институции во насока на подобрување на наставниот процес преку примена на концептот на комбинирано учење со студентите.

Проектот УЧЕЊЕ 2030 започна со реализација на 01.09.2017 а завршува на 29.02.2020 година. Овој проект е во склоп на ЕРАЗМУС+ програмата КА203: Соработка за иновации и размена на добри практики. Во изминатиоит период истражувачкиот тим од 5 професори од УКЛО работеше на развивање на Модулот 2  Комуникација на часови  во кампусот. Во овој проект освен УКЛО учествуво имаат  Универзитетите  од Бургенланд (Австрија-водечки партнер), Марибор (Словенија), Егер (Унгарија), Ријека (Хрватска), Перуџа (Италија), Валенсија (Шпанија) и Авеиро (Португалија).

 

Повеќе информации во врска со проектот и содржината на модулите можете да најдете на следниот линк: https://teaching2030.eu/ или обратете се до проф.др.Иванка Нестороска (проектен раководител): ivanka.nestoroska@uklo.edu.mk.