Проф. Климе Попоски учестуваше како ко-автор во изработка на „Извештај за дистрибутивни канали во осигирувањето за земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Транскавкаски регион

Проф. Климе Попоски учестуваше како ко-автор во изработка на „Извештај за дистрибутивни канали во осигирувањето за земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Транскавкаски регион

*„Проф. Климе Попоски учестуваше како ко-автор во изработка на „Извештај за дистрибутивни канали во осигирувањето за земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Транскавкаски регион“. Извештајот е прв воопшто изготвен преглед со детална статистика на каналите на продажба на осигурување и тоа по земји и видови осигурителни продукти за овој регион.*
*Извештајот е изработен врз основа на барање на Меѓународната Асоцијација на Осигурителни Супервизори и Агенцијата за Супервизија на Осигурување од Словенија, која ја има улогата на регионален координатор за супервизорските органи на осигурување за регионот на Централна и Источна Европа и Транскавкаски земји. Исто така, проектот беше подржан и од водечкиот регионален медиум за вести од областа на осигурување XPRIMM од Романија.*
*Значењето на овој извештај е што претставува важен извор на статистички податоци за потребите на научно – истражувачки активности, за изработка на докторски дисертации, магистерски трудови, дипломски и семинарски работи. За во иднина се планира на годишна основа да се обновува извештајот со најнови статистики и осврт на трендовите во делот на продажни канали во осигурувањето“.*