Професорите по гастрономија Jean Blaret и Christophe Dovergne, од школата за Гастрономија Jesse de Forest од Лил – Франција во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид

Професорите по гастрономија Jean Blaret и Christophe Dovergne, од школата за Гастрономија Jesse de Forest од Лил – Франција во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид

Денес, 12.06.2019 во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се професорите по гастрономија Jean Blaret иChristophe Dovergne, од школата за Гастрономија Jesse de Forest од Лил – Франција. Ова е втора посета на професорот Christophe Dovergne на Факултетот за туризам и угостителство. Станува збор за врвни професори од областа на гастрономијата. ПрофесоротChristophe Dovergne е сопственик на веб страната 750g – De la vie dans la cuisine !

На 13.06.2019 со почеток во 10:00 часот двајцата професори ќе одржат мастер час во кујната на факултетот на кој ќе присуствуваат професори, студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид.