
15 Апр Професорот Климе Попоски активно учествуваше во изработката на публикацијата насловена „INDEX INSURANCE: 2020 STATUS AND REGULATORY CHALLENGES“
„Професорот Климе Попоски активно учествуваше во изработката на публикацијата насловена „INDEX INSURANCE: 2020 STATUS AND REGULATORY CHALLENGES“, во организација на меѓународната организација Access to Insurance Initiative (https://a2ii.org). A2ii претставува глобална иницијатива во состав на Меѓународната Асоцијација на Осигурителни Супервизори (IAIS). Формирана е во 2009 година за да одговори на барањата на креаторите на политики, регулаторите и супервизорите за трениг и совети за инклузивност во осигурувањето.
Публикацијата претставува преглед на предизвиците поврзани со индексното осигурување како ново иновативно решение за поголема достапност на осигурувањето. При тоа главен фокус се прашањата за инклузивност на индексното осигурување во рамките на законските и регулаторните рамки, решавање на супервизорските проблеми, како што се пазарните однесувања на друштвата за осигурувања и прудентните ризици, кои произлегуваат од неговите специфични карактеристики.“