Уписи на Факултетот за Туризам и Угостителство

Уписи на Факултетот за Туризам и Угостителство

Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) претставува лидер во едукацијата на високообразовни кадри од областа на туризмот и угостителството во Република Македонија. Нудиме можност за избор на студиски програми со мултидисциплинарен карактер и целосна примена на Болоњската Декларација.

ФТУ ги промовира вредностите на еднаквост, фер однесување кон сите студенти, како и почитување на етничката и културната разноликост. Се радуваме да Ве пречекаме како студенти и се надеваме дека ќе земете активно учество во оформувањето на нашата иднина!