ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ОД НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ОД НЕКОЛКУ ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

Почитувани студенти,
Сите граѓани, вклучувајќи ја и нашата генерација се наоѓа во една незавидна ситуација поради кризата со која се соочуваме. Коронавирусот целосно го измени начинот на живот, а со тоа и начинот на кој се одвива образовниот процес. Образовниот процес од амфитеатрите се пресели во виртуелна сфера, а тоа повлекува и низа дополнително проблеми и трошоци за студентите. Реалност говори дека за жал одреден дел на студенти немаат сопствени уреди кои го овозможуваат редовното следење на предавањата и со тоа немаат еднакви можности со своите колеги.
Универзитетските студентски собранија при Универзитетите „Св. Кирил и Митодиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Мајка Тереза“ – Скопје и „Државен Универзитет“ – Тетово, сметаат дека сите студенти заслужуваат еднакви услови за студирање, а наша обврска е тоа да им го обезбедиме. Студентската солидарност е доблест и императив. Не смееме да дозволиме нашите колеги да останат без можност за следење на предавањата поради финансиската ситуација во која се наоѓаат. Со цел надминување на потешкотиите во следењето на наставата, започнуваме со програма за распределба на електронски уреди и брз интернет на студентите кои не располагаат со електронски уреди и брз интернет за следење на наставата.
Заради ефикасна распределба на уредите за следење на наставата, потребно е секој студент кој има потреба од вакво уред да се пријави преку следниот линк: docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSccdqtGSCnMJ4yvEwip505yuSRF8bM1bkfk-_7gSNtZ3trMAg/viewform Пријавувањето можете да го извршите лично или тоа за вас да го стори трето лице. Покрај пријавувањето преку линк можете да се пријавите и на следните телефонски броеви: УКИМ: Борјан Ефтимов 071 218 791 ; Димитар Тромбевски УКЛО: Дона Петрова 070 237 347 ; Иванчо Тодоровски 075 615 727 УГД: Мирко Наџаков 070 361 192 Мајка Тереза: Хајрие Фаризи 070 720 506
Откако ќе ги собереме потребните информации ќе отпочнеме со втората фаза, односно со барање на уреди и нивна распределба на студентите кои се пријавиле во оваа програма. Уредите кои студентите ќе ги добијат привремено, ќе треба да ги вратат по завршувањето на семестарот. Дополнително, ќе обезбедиме брза и стабилна интернет конекција за студентите кои не располагаат со истата.
Ве замолуваме овој повик да го споделите до сите ваши колеги. Студентската солидарност ќе ни помогне да ја надминеме оваа криза. Не смееме да дозволиме нашите колеги да заостануваат во наставата само заради тоа што немаат еднакви финансиски можности. Мораме да си помагаме едни на други, мораме заедно да ја надминеме оваа криза, за да можеме заедно да ги споделиме и убавите моменти кои ќе следуваат по завршувањето на истата.
Студентски поздрав!

#СедиДома #ПомогниИмНаТвоитеКолеги #СподелиУред