Менаџмент во услужен сектор – Докторски

Студиската програма Менаџмент во услужен сектор на трет циклус универзитетски студии е формирана во 2019 година со одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, а врз основа на Одлука за усвојување на студиската програма од страна на Сенатот на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола и врз основа и со добиена акредитација од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование (Решение бр. 1409-56/21 од 03.6.2019). Реализација на студиската програма започнува од учебната 2019/20 година. Согласно меѓународната Фраскатиева класификација, студиската програма припаѓа на научното подрачје Општествени науки 5 научното поле 5.06 – Организациони науки и управување (менаџмент) и областа 50619 – Менаџмент во осигурување, 50621 – Менаџмент во царина и шпедиција. Звање што студентот го добива по завршувањето на студиската програма е доктор по организациони науки и управување – Осигурување (VIII);  доктор по организациони науки и управување – Царина и шпедиција (VIII). Број на студенти што се планира да се запишат на студиската програма е во зависност од бројот на акредитирани ментори за трет циклус студии. На студиската програма Менаџмент во услужниот сектор во 2019 година се акредитирани 18 ментори.

 

МУС Елаборат 2019