Уписи на додипломски студии

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

 

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

Дополнителен конкурс за упис на студенти на УКЛО за Втор уписен рок 2021 ТУКА.

Дополнителен конкурс за упис на студенти на УКЛО за Трет уписен рок 2021 ТУКА.

Дополнителен конкурс за упис на студенти на УКЛО за Четврт уписен рок 2021 ТУКА.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Прелиминарна ранг листа – Прв уписен рок 2021

Конечна ранг листа – Прв уписен рок 2021

Прелиминарна ранг листа – Втор уписен рок 2021

Конечна ранг листа – Втор уписен рок 2021

Прелиминарна ранг листа – Трет уписен рок 2021

Конечна листа – Трет уписен рок 2021

 

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Доколку имате проблеми со пополнувањето на електронската пријава можете да го погледнете УПАТСТВОТО.

 

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок Четврт уписен рок
Пријавување на кандидатите 30 и 31.08 и 01.09.2021 15 и 16.09.2021 27.09.2021 04.10.2021
Објавување прелиминарна ранг листа 06.09.2021 20.09.2021 28.09.2021 05.10.2021
Објавување на решение за прием на кандидатите 09.09.2021 22.09.2021 30.09.2021 07.10.2021
Запишување на кандидатите 10 и 13.09.2021 24.09.2021 01.10.2021 08.10.2021

 

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за прв циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи: 

    • Пријава за запишување


  • Оригинални свидетелства од сите класови и нивни копии
  • Оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија
  • Документ-диплома за положена државна матура и копија
  • Извод од матичната книга на родените и копија
  • Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение) и копија
  • Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
  • Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо образование поднесуваат и соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден факултет, студиска група или насока
  • Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
  • Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за манипулативни трошоци

 

Напомена: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите пред пријавувањето, да направат преписи од документите за своите потреби.

При запишувањето во прва година на прв циклус судии, примените кандидати поднесуваат:

1. Индекс и студентска легитимација

2. Tри фотографии (2 – 3,5х4,5см. и 1 – 2х3см.)

3. Пријавни листови

4. Потврда за уплатени средства за партиципација или за кофинансирање на жиро сметката на соодветната единица на Универзитетот.

  • државна квота 6150 денари
  • кофинансирање 12300 денари

5. Уплата на рата за учебници

  • Туризам 4000 денари
  • ГИД 4000
  • Хотелско ресторанска 4000
  • Осигурување 4000
  • Царина и шпедиција 4800
  • МУС 3200

6. Потврда за уплатени 200 денари наменски средства за културно-уметнички потреби на студентите

7. Потврда за уплатени 300 денари за студентски гласила и за други потреби на студентите во наставно-образовниот процес,

8. Потврда за уплатени 1000 денари за функционирање и развој на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола,

9. Потврда за уплатени 700 денари за обрасци

10. Потврда за уплатени 600 денари за книжен фонд и тетратки

11. Потврда за уплатени 200 денари за студентска организација на ФТУ

 

СКЕНИРАН ПРИМЕР СО ПОПОЛНЕТИ УПЛАТНИЦИ