Прв Циклус на Студии

Стручни академски студиски програми, што ги спремаат студентите за одредена струка и ги оспособуваат за влез во вториот циклус на студии

Не пропуштајте да студирате на ФТУ и да се стекнете со диплома која е призната насекаде во светот.

Студиски Програми

За изведување на наставата на студиските програми, факултетот располага со значаен наставнички кадар од 35 доктори на науки

Туризам

Почетоците на работењето на Факултетот за туризам и угостителство се тесно поврзани со насоката Туризам чие четири и пол децениско опстојување го потврдува квалитетот на наставните содржини што се изучуваат.

Хотелско Ресторански Менаџмент

Осовременувањето на студиската програма за студиите по хотелиерство и ресторатерство е детерминирана пред се од светските тенденции во развојот на туризмот и угостителството, како и развој на воспитно-образовната дејност.

Гастрономија

Студиската програма на насоката Гастрономија претставува можност за унапредување на гастрономијата во државата преку создавање на профилирани стручњаци кои ќе можат да се справат со предизвиците на современите гастрономски процеси.

Царина и Шпедиција

Во согласност со интердисциплинарниот и мултидисциплинарниот карактер, студиската програма по Царина и шпедиција претставува синергетска интеграција на полињата: организациони науки и управување, правни науки и економски науки.

Осигурување

Студиската програма по Oсигурување во прв и втор циклус при ФТУ – Охрид претставува можност за унапредување на дејноста осигурување во државата низ користење на профилирани стручни кадри.

q
Менаџмент во Услужен Сектор

Факултетот за туризам и угостителство во Охрид како најстара високо-образовна институција во државата која нуди студиски програми во секторот на услуги, нуди и студиска програма под наслов Менаџмент во услужен сектор.

1970

Година на Основање

6

Студиски Програми

8783

Дипломирани Студенти

56

Стручни Кадри

Втор Циклус на Студии

Вториот циклус на студии е можност за дипломираните студенти на ФТУ, но и на другите сродни факултети да го продолжат своето студирање во потребата за стекнување на повисоки знаења вештини и други професионални вредности

Ова е упорен и ангажиран факултет посветен на совршеност во истражувањето и наставата.

Вести и Новости

Факутетот за Туризам и угостителство – Охрид динамично работи за секогаш да се одржува меѓу најдобрите

Персонал со целосно работно време

Од 08:00 до 16:00 администрацијата на факултетот е потполно достапна за да одговори на Вашите барања и проблеми.

council icon
Студентски сервиси

За нашите студенти достапни се повеќе студентски сервиси 24/7 и студентски прашања во целосно работно време.

Библиотека

Нашата библиотека е достапна за сите студенти. Секој може да го добие материјалот што му е потребен за неговото истражување.

logo bes ime
Универзитет „Св. Климент Охридски“

Универзалната мисија на Универзитетот, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на културни вредности во општеството.

Трет Циклус на Студии

Факултетот за туризам и угостителство е дел од авангардните чинители во високото образование во Република Македонија кои успеаа да се закитат со пиететот на носители на реформираните докторски системи

Докторската диплома е препознатлив имиџ надвор од границите на нашата држава.
Logo white