Осигурување – 1 година

Студиската програма на втор циклус Осигурување во траење од 1 година им овозможува на завршените студенти изградување способности за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на Осигурувањето. Исто така, студентите се оспособуваат за настап на осигурителниот пазар со креирана соодветност на елементите кои се неопходни. Тие изградуваат способности за компетентно вклучување на пазарот на труд во земјата и во странство.

Согласно меѓународната стандардна класификација на образованието – ISCD и меѓународната Фраскатиева класификација, студиската програма Осигурување припаѓа во подрачјето на општествени науки 5, поле организациони науки и управување (менаџмент) 5.06, област менаџмент во осигурување – 50619. Студиската програма е во времетраење од 1 (една) година, односно 2 (два) семестри. За успешно завршување на студиската програма студентите треба да се стекнат со најмалку 60 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентот може да го продолжи образованието на трет циклус студии.

Студиската програма опфаќа три задолжителни предмети и еден задолжителен семинар по Методологија на научно истражување. Од вкупниот број на изборни предмети, предметите од група 1 студентите ги избираат од листата на изборни предмети – Група 1 – ФТУ Охрид, како и од кој било наставен предмет застапен на ФТУ и Единиците на Универзитетот во парен семестар од научните полиња 5.03, 5.06,50619, 5.14. Предметите од група 2 студентите ги избираат од листата на изборни предмети –

Група 2, застапени на сите јавни универзитети во Македонија во парен семестар од научните полиња 1.05, 1.10, 2.12, 2.13, 2.20, 6.06. Студентите се должни да изберат предмет по кој ќе изработат магистерски труд, предметот треба да го полагале во текот на студирањето. Студентот кој ќе ги исполни сите обврски предвидени со студиската програма се стекнува со научен назив – магистер по осигурување.

 

Елаборат 2013

Елаборат 2017