Додипломски студии

Студиските програми од прв циклус се академски студии со 240 ЕКТС и овозможуваат вработувања во приватен и државен сектор без ограничувања во можностите за напредувања во професијата, како и можност за продолжување на образованието на магистерски и докторски студии. Согласно Фраскатиевата класификација на научно-истражувачки подрачја, ФТУ – Охрид нуди студиски програми од полето на Туризмот и угостителството и полето на Организациските науки (Менаџмент).

Сите студиски програми се акредитирани од страна на Агенцијата за акредитација и евалуација на високото образование со решенија за акредитација. Студиските програми се изготвувани врз основа на анализа на сродни студиски програми од врвни универзитети во светот.

За изведување на наставата на студиските програми од прв циклус на студии, факултетот располага со значаен наставнички кадар од 34 доктори на науки. За потребите на наставата факултетот ангажира и дополнителен број наставници во соодветни области, како и експерти од стопанството во делот на практичната и клиничката настава.

 

Упатство за пријавување испити

Уплатници за пријавување испити

Уплатници за заверка на семестар

 

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ:

Туризам

Царина и шпедиција

Осигурување

Гастрономија

Хотелско ресторански менаџмент

Менаџмент во услужен сектор