Покана за крводарители

Покана за крводарители

Почитувани,

Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти. Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв.

Во рамки на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.05.2020 (четврток) во просториите на Трансфузиологија во Охрид (Општа болница) во периодот од 8:30 до 12:30 ч. 

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.

Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите.

Ако се чувствуваш здрав и имаш помеѓу 18 и 65 години, биди херој и дарувај крв.

Студентите кои ќе даруваат крв, ќе добијат ваучер од 1000 денари кој ќе можат да го искористат во испитна сесија.